март 20, 2014

Двесетгодишно момче од Скопје претепано на автобуска станица во Чаир (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Три седумнаесетгодишни момчиња нападнале дваесетгодишно момче на автобус-
ка станица во Чаир без никаква причина, откако жртвата слегла од автобус на јавниот градски
превоз бр. 57. По нападот, сторителите го одзеле мобилниот телефон на жртвата.

Датум, време и место на инцидентот: 20 март, на автобуската станица во близина на Трговскиот
центар „Чаирчанка“ во Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „плусинфо.мк“ (plusinfo.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Дваесетгодишно момче со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ, Насилство Чл. 386 КЗРМ, Учество во
тепачка Чл. 132 КЗРМ, Разбојништво Чл. 237 КЗРМ.
Сторител(и): Три малолетни момчиња со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед
на различниот доминантен етнички состав во населбата Радишани (крајната дестинација на
автобуската линија бр. 57) и во општина Чаир, етничката припадност на жртвите може да е
различна од таа на сторителите
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека поднесени се прекршочни
пријави против сторителот на делото Насилство., според Законот за прекршоци против јавниот
ред и мир. Сепак, се’ уште нема одговор во врска со фактот што упатува на можниот мотив за
делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.

Адреса
Трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје
Име на Локација
Трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Двесетгодишно момче од Скопје претепано на автобуска станица во Чаир (неверифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност