Што се случило: Двајца Срби (навивачи на кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда биле претепани
и прободени со нож од страна на група од 15 до 20 Албанци во Старата чаршија без каков било
мотив или причина.
Датум, време и место на инцидентот: 9 ноември, 21:00 часот, во Старата чаршија во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Телеграф рс.
Инволвирани жртви: Двајца Срби.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ на
РМ).
Сторители: Непозната група од 15 до 20 машки Албанци.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвите се Срби, а сторителите Албанци;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат неопходни мерки за
расветлување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу различни заедници во земјата и безбедноста на странски туристи.