мај 15, 2015

Двајца Сиријци ограбени во Градскиот парк во Куманово (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Пет непознати сторители нападнале и ограбиле двајца Сиријци. Напаѓачите
одзеле рачен часовник и 500 евра.

Датум, време и место на инцидентот: 15 мај, 19:00 часот, Градски парк, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум А1он.
Инволвирани жртви: Двајца Сиријци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од пет сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
петмина осомничени за кривичното дело „Разбојништво“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Градски парк, Куманово
Име на Локација
Градски парк, Куманово

Број на жртви
2
Број на сторители
5
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Парк
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Двајца Сиријци ограбени во Градскиот парк во Куманово (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност