Што се случило: Двајца мигранти од Сирија движејќи се од с.Лојане кон ТЦ „Табановце”, биле
нападнати од страна на пет непознати лица, при што на едниот му била нанесена расекотина со
нож на левата надлактица.
Датум, време и место на инцидентот: 12 август, околу 16:30 часот, пат С.Лојане – Табановце.
Извор на информации: Електронски медиум Либертас.
Инволвирани жртви: Двајца сириски државјани.
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 130, КЗ), Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: 5 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски мигранти) која е убедливо помалубројна од припадници
од групата граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавување
на настанот од страна на две лица од Сирија кои биле сместени во ТЦ Табановце, преземени
биле мерки од страна на полициски службеници од СВР Куманово, при што било утврдено дека
се работи за нарушување на ЈРМ по пат на „Физички напад“. За настанот бил известен Јавен
Обвинител од ОЈО Куманово и за истиот се преземаат мерки за целосно расчистување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.