Што се случило: Двајца мигранти биле ограбени кај Табановце од страна на вооружена група
непознати сторители која им се заканувала со пиштоли и ножеви. Напаѓачите им ги одзеле сите
лични работи и пари. Инцидентот го посведочил набљудувач од МХК кој бил присутен на местото
на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 1 ноември, 22:00 часот, кај граничниот премин Табановце.
Извор на информации: Набљудувач од МХК.
Инволвирани жртви: Двајца мигранти со непознато етничко потекло.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (странски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Инцидентот е пријавен кај локалните власти.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат неопходни мерки за
расветлување на случајот и дека тие утврдиле дека настанот се случил зад граничната линија на
РМ, на територија на Република Србија и затоа МВР нема надлежност во случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.