август 2, 2015

Двајца мигранти ограбени во Гевгелија (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Двајца мигранти од Сирија и од Ирак биле ограбени од страна на двајца не-
познати сторители во близина на Железничкиот мост во Гевгелија. Сторителите им ги одзеле
мобилните телефони, околу 800 евра и пасошите .

Датум, време и место на инцидентот: 2 август, 05:30 часот, во близина на Железничкиот мост во
Гевгелија.
Извор на информации: Електронски медиум скај мк.
Инволвирани жртви: Еден Сириец и еден Ирачанец.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски и ирачки мигрант) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер, Ми-
нистерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
непознат сторител за кривичното дело „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Железничкиот мост во Гевгелија
Име на Локација
Железничкиот мост во Гевгелија

Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Двајца мигранти ограбени во Гевгелија (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Националност Етничка припадност