ноември 22, 2015

Двајца Мароканци ограбени близу Катланово (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Двајца мигранти од Мароко биле ограбени од страна на непозната вооружена
група сторители во близина на Катланово. Сторителите одзеле околу 300 евра и два пасоша.

Датум, време и место на инцидентот: 22 ноември, 19:40 часот, во близина на Катланово.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Двајца Мароканци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Тројца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигрант) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Истрагата е запрена.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека го разјасниле случајот и одлучиле да
не поднесуваат пријава поради различни изјави на жртвите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Катланово
Име на Локација
Катланово

Број на жртви
2
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Двајца Мароканци ограбени близу Катланово (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж

Основа

Националност Етничка припадност