Што се случило: Група од десетина луѓе влегла во тепачка во државниот автобус бр. 64. Според
очевидците, во тепачката учествувале две групи, Македонци и Албанци. Полицијата интервенирала
и ги притворила учесниците.
Датум, време и место на инцидентот: 15 ноември, 20:00 часот, автобус бр. 64, Карпош I, во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо мк.
Инволвирани жртви: Непозната група млади луѓе.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ),
„Учество во тепачка“ (член 132, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група млади луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – според очевидците, во тепачката учествувале две групи,
Македонци и Албанци;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Непознато.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.