Што се случило: Како одговор на демострациите во Скопје предизвикани од пресудата во
судскиот случај „Монструм“, група млади луѓе од Битола се фотографирале со знак на којшто
пишува „Смрт за Шиптари“ (Шиптари – погрден термин за албанци). На фотографијата може да се
види како младите го прават нацистичкиот поздрав.
Датум, време и место на инцидентот: 9 јули, Битола.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „тетова1.ком“ (tetova1.com), алб.
Вклучена(и) жртва(и): Овој инцидент не резултирал со директни жртви – насочен е кон целата
албанска заедница.
Вид на кривично дело(а): Поттикнување на омраза, раздор и нетолерација врз национална, расна,
верска или друга дискриминаторска основа (Чл. 319).
Сторител(и): Група од повеќе од 20 македонци од машки пол.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Коментари – на сликата, сторителите држат знак што вели „Смрт за Шиптари“, и прават нацистички
поздрав.
2. Разлика помеѓу жртвата и сторителот на етничка основа.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,
на барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека немаат
информации во врска со инцидентот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во општеството.