февруари 28, 2017

Група нападнала малолетник во автобус бр. 58 на ЈСП (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На автобуската постојка пред ТЦ „Веро Џамбо“, во автобус на ЈСП бр. 58,
кој се движел во насока кон Транспортниот центар, влегла поголема група на младинци на
возраст од 16-18 години и откако автобусот почнал да се движи лицата физички нападнале
17 годишен малолетник од автобусот и искршиле едно стакло. Откако автобусот застанал на
постојката на Транспортен центар, сторителите излегле и се разбегале во различни правци. По
настанот оштетениот бил примен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде
му биле констатирани телесни повреди. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје
биле преземени мерки за расчистување на настаните при што поради нарушување на јавниот
ред и мир со елементи на насилство во Полициската станица од општа надлежност „Центар“
од страна на Единицата Алфа лишени од слобода и повикани биле 9 (девет) лица од кои пет
лица на возраст од 14 до 18 години како можни сторители на насилството, а останатите во
улога на сведоци на настаните. Во присуство на родители и адвокати на можните сторители
бил извршен разговор, по што малолетните лица биле пуштени додека едното полнолетно лице
било задржано во станица.

Датум, време и место на инцидентот: 28 февруари, околу 13:00 часот, автобус на ЈСП бр. 58.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од пет лица, меѓу кои четири малолетници.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1.Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус кој транзитира
низ области населени од луѓе со мешан етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје до Основното јавно
обвинителство Скопје доставило писмено известување (КУ бр.2285/17) за пријавено кривично
дело „Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
ТЦ „Веро Џамбо“
Име на Локација
автобус бр. 58 на ЈСП

Број на жртви
1
Број на сторители
5
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Група нападнала малолетник во автобус бр. 58 на ЈСП (непотврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност