Што се случило: Поголема група млади луѓе нападнала двајца средношколци и еден 26-годишен
маж во дворот на основното училиште „Андреа Савевски-Ќиќиш“, нанесувајќи им телесни повреди
во пределот на вратот и главата.
Датум, време и место на инцидентот: 19 март, 12:45 часот, во дворот на основното училиште
„Андреа Савевски-Ќиќиш“, Тетово.
Извор на информации: Електронски медиум Локално.
Инволвирани жртви: Тројца млади луѓе, од кои двајца малолетници.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната голема група млади луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена со
луѓе од мешан етнички состав;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени прекршочни пријави.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се поднесени прекршочни пријави
против шест лица.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.