Што се случило: На 17.03.2018 година било пријавено дека во Гостивар во времето од 01,20 до 01,40
часот непознат сторител со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три изложни стакла од
просторијата на седиштето на општинската организација на политичката партија СДСМ, лоцирана на
улицата “Илинденска“. Од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид
и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 17 март, од 01,20-01,40 часот, општински штаб на СДСМ во
Гостивар.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум судство.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери..
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР сеуште се преземаат мерки и
активности за расчистување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и политичката стабилност.