Што се случило: На надворешниот ѕид од штабот на СДСМ во Виница, се појавија графити со навредлива
и заканувачка содржина.
Датум, време и место на инцидентот: 20 март, ноќните часови, општински штаб на СДСМ во Виница.
Извор на информации: Електронски медиум маркукуле.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти каде се испишани
пораки кои содржат говор на омраза.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој случај воопшто не е евидентиран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и политичката стабилност.