Што се случило: На 24.03.2018 околу 08.40 часот било пријавено дека на зграда на ул. „Кеј 9-ти
Септември“ во Прилеп имало испишан графит со навредлива и заканувачка содржина. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 24.03.2018 околу 08.40 часот, зграда на ул. „Кеј 9-ти Септември“
во Прилеп.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се испишуваат графити со говор на омраза по
етничка основа.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, извршен е увид и утврдено
е дека станува збор за стар геафит, од пред повеќе месеци, но се преземаат мерки и активности за
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.