март 15, 2019

Гостиварец ширел и поттикнувал омраза и насилство преку Фејсбук

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава
против Б.С. (64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на
расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 15.03.2019 година на социјалната
мрежа „Facebook”, пријавениот од неговиот кориснички профил објавил порака со која повикувал на насилство.

Датум, време и место на инцидентот: 15.03.2019 Фејсбук, Гостивар.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, Б.С. од Гостивар
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено Facebook се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти

Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Сторителот бил привреден и против него е поднесен соодветен поднесок за
кривично дело по член 394-г од КЗ. Кривичното дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Гостивар, Северна Македонија
Име на Локација
Гостивар, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Гостиварец ширел и поттикнувал омраза и насилство преку Фејсбук image

Основа

Националност Етничка припадност