мај 24, 2013

Гостиварец прободен со нож во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Б.Ф. бил прободен со нож во грбот. За да си го спаси животот, ранет потрчал кон центарот на градот. Полицијата го пресретнала исцрпен и го пренеле во Градската болница. Тој е во тешка состојба. Останатите тројца се полесно повредени. Според нивните изјави групата која ги нападнала биле од албанска националност. Денеска се очекува подетална информација од полицијата за овој случај.

МВР денеска излезе со информација за овој напад, во која с евели:

На 24.05.2013 година, во 19,03 часот, во ЦИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Стив Наумов“ пред Универзитетска библиотека, Б. Ф. (30) од с.Битуше-гостиварско, В. А. (21) од Делчево, К. Р. (25) и Д. Р., двајцата од Пехчево , биле физички нападнати од страна на група составена од 15-20 млади лица . Притоа едно од лицата со нож му нанело повреда во пределот на грбот на Б.Ф., кој побегнал и во безсознание паднал кај музејот на ВМРО, каде бил забележан од страна на УПС од чија страна е повикана Брза помош и истиот во неконтактибилна состојба бил пренесен во Градската општа болница„Св.Наум Охридски„ во Скопје, каде е задржан на лекување. Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Адреса
Skopje, Macedonia (FYROM)
Линикови од вести

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Гостиварец прободен со нож во Скопје image