март 18, 2019

Гостиварец преку Facebook ширел расистичка содржина

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: На 18.03.2019 околу 17.00 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено
дека Б.С.(63) од Гостивар, на неговиот Facebook профил објавил статус со расистичка и ксенофобична
содржина. Б.С. бил приведен во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување на случајот против
него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Датум, време и место на инцидентот: 18.03.2019 околу 17.00 часот, Facebook , Гостивар.

Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум https://emagazin.mk/priveden-gostivarec-
ko-na-fe-sbuk-ob-avil-rasistichki-status/

https://opserver.mk/crna-hronika/krivichna-prijava-za-b-s-63-od-gostivar-na-negoviot-fejsbuk-profil-objavil-
status-so-raschistichka-i-ksenofobichna-sodrzhina/

Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден познат сторител, Б.С. (64) од Гостивар
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено фејсбук се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: На 24.04.2019 до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава за сторено
кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г
од КЗ. Кривичното дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Гостиварец преку Facebook ширел расистичка содржина image