Што се случило: На 13.03.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гоце Стојчевски“
(о. Бутел. населба Скопје-Север) во Скопје, 14-годишник од Скопје физички нападнал 13-годишно момче, исто
така, од Скопје, при што со остар предмет му нанел убодна рана. Повредениот малолетник бил пренесен во
Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарка помош. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 13.03.2019 околу 17.00 часот во Скопје Север.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, kurir.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ) Телесна повреда ( член 135 КЗ)
Сторители: еден (1) малолетен сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во населба каде живее мешано етничко население и каде постои
нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција
Чаир до ОЈО Скопје поднесено е писмено известување против А.Љ. (14) од Скопје поради постоење на основи
на сомневање дека сторил кривично дело „Телесна повреда“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.
март 13, 2019
Врсничко насилство помеѓу малолетници во населбата Скопје Север
Адреса
улица „Гоце Стојчевски“
Име на Локација
Бутел. населба Скопје-Север
Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда
Физички напад
Насилство
Име на Локација
Улица