март 23, 2019

Врсничко насилство во Драчево

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 23.03.2019 година во 20.30 часот во СВР-Скопје Г.К.(43) од Скопје пријавил дека истиот
ден околу 19.50 часот на улицата „Иван Хаџиниколов“ две лица на возраст од околу 14 до 15 години физички
го нападнале неговиот 15 годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 23.03.2019 година во 19.50 часот на улица „Иван Хаџи Николов “
Скопје.

Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум https://emagazin.mk/tepachka-me-u-
maloletnici-vo-skop-e/

Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција од
ПС Кисела Вода до ОЈО Скопје поднесено е писмено известување во врска со кривично дело „тешка телесна
повреда“ од чл 131 од КЗ. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Иван Хаџиниколов, Драчево, Северна Македонија
Име на Локација
Иван Хаџиниколов, Драчево, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Врсничко насилство во Драчево image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Етничка припадност