Што се случило: На 25.02.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Чаир, Е.А.(42) од Скопје пријавил дека на 14.02.2020 неговиот малолетен син, ученик во основното училиште „Живко Брајковски“, по завршување на часовите, во близина на училиштето, физички бил нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко потекло а пристрасните индикатори се:
- Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
- Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште, во автобус
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).