Што се случило: Во Полициската станица Бит Пазар, Ф.А.(33) од Скопје (Чаир) пријавил дека истиот
ден околу 13,00 часот на улицата „Прохор Пчински“ неколку непознати лица физички го нападнале
неговиот 15-годишен син. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 30.09.2018 година, околу 13,00 часот, на улицата „Прохор Пчински“
во Чаир, Скопје.
Извор на информации: Билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (15 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил на улица во Чаир
(мешана етничка среднина) пристрасниот мотив е етничко потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – нападнатиот малолетник и напаѓачите се од различно етничко
потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – судир и конфликт помеѓу ученици од различно етничко потекло
особено во главниот град се случува многу често. Ваквите судири најчесто се случуваат помеѓу
деца од македонско и албанско етничко потекло, додека другите заедници поретко или никогаш не
се инволвирани во вакви инциденти.
3. Место – Инцидентот се случил во средно училиште и во населено место каде живее мешано
етничко население и учат ученици од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).