Што се случило: На 30.04.2019 година вo 10,00 часо во СВР–Тетово А.Ѓ.(39) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 09,00 часот пред основното училиште “Гоце Делчев“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 30.04.2019 година околу 09,00 часот пред основното училиште “Гоце Делчев“ Тетово
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум
https://press24.mk/tepachka-pred-osnovno-uchilishte-vo-tetovo
Инволвирани жртви: 1 малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: 3 малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
3. Етничкото потекло– жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
4. Локација-настанот се случил во основно училиште во град каде има мешано етничко население и каде постои голема нетрпеливост меѓу истиот, и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.