Што се случило: Елвис Бајрам, кој во моментот на настанот беше актуелен градоначалник на
општина Шуто Оризари, како и кандидат за градоначалник од коалицијата предводена од ВМРО-
ДПМНЕ на локалните избори, бил повреден во тепачка меѓу две групи во Шуто Оризари. Бајрам по
тепачката бил однесен во болницата „8 Септември“ и му била констатирана повреда на главата.
Датум, време и место на инцидентот: 02 октомври, 19:00 часот, Шуто Оризари.
Извор на информации: Електронски медиум Слободна Европа.
Инволвирани жртви: Едно лице – градоначалникот на општина Шуто Оризари.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од неколку лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Време на случување на инцидентот – нападот се случил при претставувањето на изборната
кампања.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое МХК
го испрати до МВР во врска со овој инцидент само се наведува дека биле поднесени осум записници
за констатиран прекршок по чл.11 ст.2 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.