Што се случило: На 05.06.2019 година во 17.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Т.(47) од Скопје
пријавил дека истиот ден околу 11.15 часот на улица „Филип Втори Македонски“ неговиот 16 – годишен син
бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 05.06.2019 година во 17.15 часот, улица „Филип Втори Македонски“
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачот биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во дел од градот каде циркулира мешано етничко население и каде
постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.