април 30, 2019

Во основно училиште во Скопје физички нападнат малолетник од свои врсници

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 30.04.2019 година околу 14,00 часот во СВР Скопје Т.Т. (48) од Скопје пријавила дека истиот
ден околу 11,20 часот на улицата “Втора Македонска бригада“ во училишниот двор од основното училиште
„Петар Здравковски-Пенко“, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 30.04.2019 година околу 11,20 часот на улицата “Втора Македонска
бригада“ во училишниот двор од основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“ Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, skopjeinfo.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во основно училиште во град каде има мешано етничко население и каде
постои голема нетрпеливост меѓу истот, и претходно имало регистрирано вакви настани.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.

Адреса
2 Македонска Бригада, Скопје регион 1000, Северна Македонија
Име на Локација
ООУ Петар Здравковски-Пенко

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Друга јавна локација
Во основно училиште во Скопје физички нападнат малолетник од свои врсници image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност