Што се случило: 16-годишен малолетник бил нападнат во автобус бр. 50 на ЈСП од страна на
десетина други малолетници, при што му била удрена шлаканица и му бил вперен нож во пределот
на половината.
Датум, време и место на инцидентот: 15 септември, околу 13 часот, во автобус на ЈСП бр.50, на
релација од „Битпазар“ до нас. Автокоманда.
Извор на информации: Дневен весник Нова Македонија.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од десетина непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – сторителите и жртвата се возеле во автобус
бр. 50 кој транзитира во област населена од луѓе со мешан етнички состав; можно е етничката
припадност на сторителот да е различна од онаа на жртвата
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека во дадената изјава пред
полициски службеници во ПС ОН „Гази Баба“ оштетениот изјавил дека не сака да пријави било
каков настан и да поднесе записник за примање на пријава.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.