декември 12, 2020

Вознемирување и закани заради интелектуална попреченост

Инцидент
Дела против лица со попреченост

Што се случило: На 12.12.2020 година, Хелсиншкиот комитет за човекови права регистрираше случај пријавен од родител на дете со аутизам. Имено, целото семејство трпи вознемирување и закани од страна на двајца соседи во станбената зграда во која живеат. Соседите, во неколку наврати со клоци и тупаници, удирале на вратата од станот на семејството, извикувајќи дека ќе ги убијат нив и нивното деветгодишно дете со аутизам, поради тоа што им сметала вревата наводно предизвикана од детето кое тие постојано го нарекувале „ментално“.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е попреченоста на детето поради тоа што вознемирувањето и заканите се случуваат заради оваа основа, а пристрасните индикатори се:

  1. Модел на претходни инциденти – претходни инциденти од слична природа
  1. Попреченост – Соседите, во неколку наврати со клоци и тупаници, удирале на вратата од станот на семејството, извикувајќи дека ќе ги убијат нив и нивното деветгодишно дете со аутизам, поради тоа што им сметала вревата наводно предизвикана од детето кое тие постојано го нарекувале „ментално“.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедност на семејството и особено го загрозуваат слободното движење на малолетното лице. Ваквиот однос кон лицата со интелектуална попреченост понатаму се отсликува и во јавниот дискурс и придонесува кон нивна стигматизација во општеството


Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
Судски процес
Вознемирување и закани заради интелектуална попреченост image