јуни 22, 2015

Возило на потпретседателката на СДСМ беше вандализирано во Скопје (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Додека потпретседателката на СДСМ учествувала во дебата, непознат(и) стори-
тел(и) ѝ го вандализирале возилото дупчејќи ги гумите со остар предмет. Таа инцидентот го при-
јави ла во полиција.

Датум, време и место на инцидентот: 22 јуни, 14:00 часот, општина Центар, Скопје.
Извор на информации: Веб-страница Фокус.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: „Оштетување туѓи предмети“ (член 243, КЗ на РМ).
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадности убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на жртвата – според изјава дадена за медиумите, жртвата гледа на инцидентот
како пристрасно мотивиран;
2. Време – инцидентот се случил додека жртвата ја промовирала политичката група за која таа е
определена (учество во дебата во живо);
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат неопходни мерки за
расветлување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој вид инциденти ја доведуваат во прашање општата
политичка стабилност во земјата.

Адреса
општина Центар, Скопје
Име на Локација
општина Центар, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Возило на потпретседателката на СДСМ беше вандализирано во Скопје (непотврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност