MK К.Ш.(47) од Скопје пријавил дека синоќа околу 18,00 часот на ул.„Панче Неделковски“, неговиот 13 годишен син бил физички нападнат од страна на три непознати лица.
Момчето е нападнато со тупаници и клоци по лицето и телото, а во еден момент едно од лицата извадило нож и замавнало. Од нападот, малолетникот се здобил со расекотина на челото и образите, како и отоци во пределот на главата и телото и му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Адреса
Панче Неделковски, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
Линикови од вести
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители