април 5, 2019

Вевчанец поттикнувал омраза и насилство преку Фејсбук

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У.(59) од село Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во текот на 2018 и 2019 година пријавениот преку својот профил на социјалната мрежа Facebook ширел расистички и ксенофобичен материјал.

Датум, време и место на инцидентот: во текот на 2018 и 2019 година Фејсбук, Вевчани, Струшко.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член 394-г, КЗ на РМ)
Сторители: еден познат сторител, Н.У. од Вевчани
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување-многу често социјалните медиуми особено фејсбк се користи како простор за сторување на ваков вид инциденти

Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Сторителот бил привреден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за кривично дело по член 394-г од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Вевчани, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вевчанец поттикнувал омраза и насилство преку Фејсбук image

Основа

Националност Етничка припадност