јуни 9, 2020

Разбојништво врз мигранти од Авганистан

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 09.06.2020 пријавениот додека се движел со патничко возило „хјундаи пони“ заедно со малолетник од Куманово, во близина на с.Караслари ги забележале А.С.Н. и Ј.А. од Авганистан како се движеле по автопатот од Р.Грција кон Р.Србија. Им понудиле да ги транспортираат до границата со Р.Србија за 200 евра и оштетените влегле во возилото, по што се упатиле кон стариот пат за Велес. Во еден момент пријавениот го сопрел возилото и побарал уште 200 евра за да стави гориво. Оштетените не се согласиле поради претходниот договор, а пријавениот и малолетникот физички ги нападнале и им се заканиле дека ќе извадат оружје. Потоа тие им дале 200 евра, а во тој момент од страна на оштетените бил одземен мобилен телефон кој бил сопственост на братот на пријавениот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е статус на мигрант, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација – место каде што поминува нерегуларната рута низ која што се движат мигранти и каде што честопати се случуваат инциденти поради нивниот статус на мигрант.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата.


Број на жртви
2
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Разбојништво врз мигранти од Авганистан image