декември 19, 2013

Повик до муслиманите во Чаир да не слават Нова година

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Летоци испишани на албански јазик со кои се повикуваат муслиманите да не ја слават Нова година и да не го почитуваат митот за Дедо Мраз осамнаа утрово во скопската населба Бутел.

На автобуската станица кај поранешното кино стоеше залепен леток на кој на албански јазик пишуваше:

„Тој што го практикува начинот на верување на неверниците не е дел од мојот народ. Немој да славиш, плаши се од Алах”.

Засега не се знае кој ги изработил и ги дистрибуирал ваквите летоци со кои се повикуваат муслиманите да не ја слават Нова година.

Адреса
Mirche Acev, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
Име на Локација
http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/povik-do-muslimanite-vo-chair-da-ne-slavat-nova-godina-foto

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Фотографии