јули 22, 2023

Оштетување возило заради политичка припадност

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Патничко возило (модел Ауди А6) сопственост на 35-годишен локалец било опожарено додека било паркирано на улица. Локалната противпожарна единица успеала да ги изгасне пожарите, а екипа на Одделот за криминалистичка полиција извршила увид на местoто на настанот. Од пожарот бил оштетен целиот преден и долниот преден дел од возилото. Според информациите споделени во јавноста, автомобилот приватно го користел вицепремиерот Артан Груби, иако е регистриран на друго име. Автомобилот е паркиран на местото каде што живее г.Груби. Медиумите открија дека две лица пристигнале на местото со пик-ап автомобил, го полиле автомобилот со бензин и го запалиле.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Политичка припадност оштетеното возило е на функционер на ДУИ
  2. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
2
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Дома
Оштетување возило заради политичка припадност image

Основа

Политичка припадност