септември 17, 2022

Инциденти помеѓу навивачките групи на ФК Гостивар и ФК Воска Спорт од Охрид

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари

Што се случило: На 17 септември 2022 година во с.Голема Речица, тетовско, за време на одигрување на фудбалски натпревар во рамки на Втората македонска фудбалска лига помеѓу домашната екипа на ФК „Гостивар“ од Гостивар и гостинската екипа на ФК „Воска Спорт“ од Охрид, во два наврати бил нарушен јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување на навивачи од навивачки групи на двете екипи. Според кажување на спортскиот директор на гостинската екипа, тој бил физички нападнат од едно лице.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница
  2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти

    Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Име на Локација
с. Голема Речица, тетовско

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Инциденти помеѓу навивачките групи на ФК Гостивар и ФК Воска Спорт од Охрид image