Што се случило: На бул. Крсте Мисирков, на автобуска постојка на Битпазар, од страна на едно лице
бил каменуван автобус бр. 50 на ЈСП, при што биле скршени три прозорци на автобусот. Како сторител
идентификуван е А.М. (22) од Скопје и истот е приведен во полициска станица. МВР презема мерки за
откривање на другите двајца сторители.
Датум, време и место на инцидентот: 22 март, околу 14:30 часот, бул Крсте Мисирков, Битпазар, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум А1 он мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ)
Сторители: еден сторител кој е идентификуван.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – во нападнатиот автобус бр. 50 на ЈСП најчесто се превезуваат
лица од македонско етничко потекло, а напаѓачот се од различно етничко потекло (македонци и
албанци);
2. Модел на претходни инциденти – како и сите претходни каменувања и напади на автобуси или
напади на авотбуски станици
3. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР нема информација за овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).