Една патничка е повредена во автобус кој бил каменуван вчеравечер во струшкото село Велешта.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу 20 часот, непознати лица каменувале автобус со охридски таблички во струшкото село Велешта. Автобусот сообраќал на релација Охрид – село Вевчани.
Од камењета скршени се пет стакла на автобусот, а една патничка, 32-годишната Б.К. од Вевчани се здобила со телесни повреди.
На повредената патничка и’ била укажана помош во амбулантата во Вевчани, но поради сериозноста на повредите таа подоцна е однесена во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид.
Полицијата трага по сторителите.
Address
Veleshta, Macedonia (FYROM)
News Source Links
Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified