October 11, 2013

Запалено македонското знаме на јарбол во Гостивар

Incident
Causing national, racial or religious hate, discord or intolerance
Incident due to ethnical belonging, citizenship or language

Државното знаме на Република Македонија истакнато на зградата на ХЕЦ „Маврово“ било запалено, а тоа утрово го открил еден од чуварите. Полицијата трага по сторителот. 

Тетовската полиција потврдува дека е извршен увид утрово и според првичните сознанија, знамето најверојатно било запалено ноќеска, а прв го забележал вработен во чуварската служба, кога утрово доаѓал на работа.

На трите јарболи покрај државното, биле истакнати и албанското и знамето на компанијата, кои не биле оштетени, јави МИА. Полицијата зела траги за вештачање и е во потрага на сторителот.

Address
Gostivar, Macedonia (FYROM)

Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified
Запалено македонското знаме на јарбол во Гостивар image