На 2 март 2013 година, за време на протестите организирани во период пред локалните избори се случија неколку кривични дела. Толпата протестанти, движејќи се низ Старата скопска чаршија го нападна ЛГБТИ Центарот за поддршка при што беше искршено предното прозорско стакло. Инцидентот беше снимен преку безбедносните камери на Центарот.
Дел од сторителите беа уапсени, а по судењето, на седница на Основниот суд Скопје 1 одржана на 5 јули 2013 година беа изречени затворски и условни казни за дузина обвинети. Видео снимките од Центарот беа користени како важен доказ за нападот. Хелсиншкиот комитет, чија поддружница е ЛГБТИ Центарот за поддршка, во постапката учествуваше како оштетена странка.
Address
Skopje, Macedonia (FYROM)
News Source Links
Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified