Малолетник без повод и причина бил нападнат од пет непознати лица во центарот на градот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера наутро, околу 10 часот, од страна на пет лица бил нападнат 17-годишниот Е.С. од село Крушопек.
Инцидентот се случил на улицата Мајка Тереза, во полиција го пријавил дедото на нападнатиот.
Насилници го удирале момчето со клоци и тупаници по телото и главата нанесувајќи му телесни повреди.
Во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Address
Macedonia St, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
News Source Links
Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified