June 25, 2013

Каменуван домот на Петар Стојковиќ

Incident
Incident due to sexual orientation or gender identity

Група непознати млади вчера околу 23 часот го каменувале домот на актерот и активист за човекови права Петар Стојковиќ. Стојковиќ сведочи дека каменувањето било проследено со извиците „Педери! Ќе ви го е… мамичето педерско!“.

-За среќа нема повредени и не е причинета никаква материјална штета. Полицијата дојде по 15 минути откако пријавив, разговараа со мене и ги запознав со заканите по живот кои претходно беа упатени кон мене и направија увид, изјави за НОВА Стојковиќ.

Петар Стојковиќ пред десетина дена јавно проговори за својата сексуална ориентација.

Oваа недела НОВА емитуваше интервју со Петар Стојковиќ , кој говореше за етикетите, нападите, линчот кон него и желбата да биде слободен, за што ја плаќа цената.

Оттогаш наваму до него стигаат многу закани и навреди, коментари на интервјуто како на официјалната ФБ страна на НОВА, така и на страницата на Ју тјуб од каде се емитуваат емисиите на НОВА, за што бевме принудени да ги бришеме сите коментари кои беа закани, повикуваа на линч и јасно изразуваа говор на омраза.

Во меѓувреме, малолетник упадна и во неговиот двор и под прозорец извикуваше навредли коментари упатени кон него и неговиот партнер.

Викендот беше нападнат и ЛГБТ центарот на Хелсиншкиот комитет во старата скопска чаршија од страна на 40 маскирани лица при што беше повреден и еден полицаец.
Истиот ден, на најавената таканаречена контра геј парада група млади кои се собраа на плоштадот кај споменикот Цар Самуил претепаа малолетник.

Address
Skopje, Macedonia (FYROM)

Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified
Каменуван домот на Петар Стојковиќ image