Криминал, безбедност и права на жртвите – извештај на Агенцијата за фундаментални права
Ова истражување ја потенцира и реафирмира заложбата да се обезбеди посебна поддршка и заштита на најранливите жртви, вклучително и на жртвите на криминал од омраза, кои се соочуваат со посебен предизвик при поминување низ кривичната постапка и справување со последиците од криминалот. Базирано е врз анкета која опфати 35.000 луѓе од ЕУ, Велика Британија и Северна Македонија.
Како што покажуваат податоците од истражувањето, физичкото насилство е загрижувачки присутно низ целата ЕУ. Во согласност со Директивата за правата на жртвите, земјите-членки треба да ги зголемат своите напори да обезбедат пристап до правда за сите жртви на криминал, вклучително и за најранливите, преку обезбедување на жртвите со соодветни информации, поддршка и заштита и преку овозможување на нивното учество во кривична постапка. Стапката на физичко насилство што го доживуваат младите е многу поголема отколку во другите возрасни групи. Ова бара акција на земјите-членки на ЕУ за да се обезбеди информираност на младите за нивните права и за тоа каде да се обратат откако ќе доживеат физичко насилство. Во оваа возрасна група, искуства на насилство може да се појават во училиштето или во терцијарното образование, каде се инволвирани врсници на жртвите. Поради ова, важно е да се усвојат таргетирани мерки за посебни контексти.
Агенцијата препорачува земјите-членки на ЕУ да развијат насочени мерки за спречување на физичко насилство врз лица со попреченост, етнички малцинства и лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, транс и интерсексуалци, кои доживуваат повисоки стапки на физичко насилство и вознемирување од другите групи.
Годишната програма за работа на Европската комисија во 2021 година предвидува понатамошен законодавен развој на ниво на ЕУ во оваа област. Тоа се однесува на нова иницијатива за проширување на списокот на злосторства во ЕУ со сите форми на злосторства од омраза и говор на омраза, без оглед дали е поради раса, религија, пол, сексуалност или други основи.
Извештајот е достапен на следниот линк: https://fra.europa.eu/sites/default/files/fra_uploads/fra-2021-crime-safety-victims-rights_en.pdf