Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој тепаше Роми во Битола

Како реакција на септемврискиот случај на полициска бруталност врз Роми од Битола, побаравме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постапка. По спроведената истрага, Одделот за внатрешна контрола на 25 септември 2020 нè извести дека поднел кривична пријава против полицискиот службеник Г.П. поради сомнение за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службата“.

Повеќе информации достапни на следниот линк: https://mhc.org.mk/news/krivichna-prijava-i-suspenzija-za-policaecot-koj-tepashe-romi-vo-bitola/