Бараме најстроги казни за делото од омраза направено од страна на бруталните полицајци
Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува бруталното однесување на полициските службеници и за ова ќе поднесе претставка до специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со претставката ќе побараме да се испитаат сите околности, да се прибават докази и да се покрене постапка пред суд со цел утврдување на кривична одговорност. Дополнително, од Одделението за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, ќе побараме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постaпка.
Повеќе информации достапни на следниот линк: https://mhc.org.mk/news/barame-najstrogi-kazni-za-brutalnite-policajci/