Акција во општина Центар, Градски парк

Викендов имавме уште една успешна акција. Овој пат, графитот на Панде Ефтимов, Марија Блажевска, Дарко Ефтимов и Леон Шумански го покри говорот на омраза испишан на пешачката патека на кеј во стариот дел на градскиот парк. Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор!

Доколку забележите навредлив и дискриминаторски напис во вашето маало, фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на ФБ страната на „Злосторства од омраза“ или мејл на helkom@mhc.org.mk или на Vildan.Drpljanin@mhc.org.mk.

Фотографии