Акција во општина Тетово

Продолжуваат графити-акциите со Младински образовен форум – МОФ. Овојпат беа отстранети пораките со говор на омраза на мостот на влезот на Тетово.
Доколку забележите навредлив и дискриминаторски напис во вашето маало, фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на ФБ страната на „Злосторства од омраза“ или мејл на helkom@mhc.org.mk или на Vildan.Drpljanin@mhc.org.mk.