Акција во општина Аеродром

Говор на омраза испишан врз трансформатор за струја – трансформиран во уметнички графит со позитивна порака. Им благодариме на Камелија Каламерникова и Панде Ефтимов за најновата акција за отстранување на дискриминаторски и насилнички содржини на јавните површини, овојпат спроведена во општина Аеродром.
Доколку забележите навредлив и дискриминаторски напис во вашето маало, фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на ФБ страната на „Злосторства од омраза“ или мејл на helkom@mhc.org.mk или на Vildan.Drpljanin@mhc.org.mk.