Акција во општина Гази Баба
![](https://zlostorstvaodomraza.com/wp-content/uploads/2021/05/001-t.jpg)
„Ти си срце“- испишаа вредните раце на Камелија Каламерникова и Панде Ефтимов на ѕид во населбата Автокоманда, покривајќи ја претходната порака, која повикуваше на омраза, меѓуетничка нетрпеливост и насилство.
Доколку забележите навредлив и дискриминаторски напис во вашето маало, фотографирајте, наведете ja точната локација и пратете ни порака на ФБ страната на „Злосторства од омраза“ или мејл на helkom@mhc.org.mk или на Vildan.Drpljanin@mhc.org.mk.