март 20, 2024

Инцидент од омраза во црква во Тетово

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 20.03.2024 во 17.30 часот во СВР Тетово е пријавено дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј“ во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот од Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е верското уверување и етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Верско уверување – претпоставена разлика во верското уверување на сторителите
  2. Етничка припадност – разлика во етничката припадност на сторителите
  3. Локација – црква „Свети Атанасиј“ во манастирски комплекс во Тетово
  4. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на симболи
Инцидент од омраза во црква во Тетово image

Основа

Етничка припадност Религија или уверување