ноември 28, 2023

Инцидент од омраза врз основа на верско уверување

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Медиумите објавија дека во дворот на манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски на Попова Шапка едно лице од јарболот поставен на црковен имот го симнало знамето на Македонската православна црква-ОА, а потоа го поставува знамето на Албанија. Сторителот бил уапсен во рок од неколку часа од страна на полициските службеници.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е верското уверување, а пристрасните индикатори се:

  1. Верско уверување – претпоставена разлика во верското уверување на сторителот
  2. Локација – манастирскиот комплекс
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на симболи
Инцидент од омраза врз основа на верско уверување image