Што се случило: Медиумите објавија дека на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкупи и ФК Вардар што се одржа на 05 ноември 2023 година на стадионот во Чаир, навивачката група на Шкупи – „Шверцери“ истакнаа слогани со националистички пораки. „Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ била една од паролите. Дополнително, на натпреварот била испратена поддршка до убијците на членот на „Комити“ – Никола Саздовски-Саздо.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:
- Етничка припадност – различна етничка припадност кај двете навивачки групи
- Локација – инцидентот се случил на спортски натпревар
- Модел на претходни инциденти – вакви инциденти и претходно се случувале помеѓу овие две навивачки групи
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.